wordpress counter

Адитиви: Е-120

Адитивот Е-120 е познат како „кармин“ или „кохиенал“. Тоа е пигмент на светло црвена боја, која се добива од соли на алуминиумот, поточно од карминската киселина. Е-120 се користи при производство на вештачко цвеќе, бои, кармин и останата козметика, а се додава и во прехранбени прозиводи како јогурти и сокови.

Производство
Може да се добие со варење на сушени инсекти во вода, со цел да се екстрахира карминската киселина која потоа се третира со сол на алуминумот за да се прочисти. Понекогаш се користат и белки од јајца или желатин во постапката. Друг начин е со помош на микроби одлегдувани за оваа цел.

Алергија
Карминот се користи за боење на сладоледи, јогурти, бонбони, алкохолни пијалаци, сокови или бисквити, а е составен дел и на бројни козметички производи. Оваа состојка може да се најде во многу производи кои имаат црвена, виолетова или розова боја. Инаку, во исхраната може да предизвика бројни алергиски реакции.

Законски прописи
Во ЕУ, употребата на Е-120 во храната е регулирано со директивите за употреба на адитиви и прехранбени бои. Според тие директиви, се одредува каде е дозволено да се употреби оваа состојка, во колкава количина и кај кои групи на прехранбени производи. И покрај можноста за алергии, употребата на карминот не е забранета во ЕУ. Сепак, со нови прописи и регулативи се обесхрабруваат производителите да ја користат.

Совет: избегнувајте ги колку можете повеќе производите кои содржат Е-120.

Related Posts with Thumbnails