wordpress counter

Дали знаеш: Е-211

Што е Е-211?
Ознаката Е-211 се однесува на конзервансот Натриум бензоат. Станува збор за натриумова сол на бензеновата киселина. Тоа е безбојна кристална цврста материја и нема мирис. Запалив е и лесно се раствора во вода.

Како делува и каде се употребува?
Делува бактериостатично и фунгистатично и поради тоа се употребува како додаток кон храната. Најчесто се употребува при производство на газирани пијалаци, овошни сокови, мармалади, кисели краставички. Во комбинација со аскорбинска киселина и калиум бензоат се канцерогени, иако во повеќето пијалаци нивото на бензен не се смета за опасно за консумација.

Последици по здравјето
Кај човекот може да предизвика алергија и астма и да го отежне механизмот на размена на материи. Една британска студија покажува дека Е-211 може да доведе до хиперактивност и потреба од поголемо внимание. Според професорот Питер Пајпер од Шефилд, овој конзерванс може да предизвика оштетување во ДНК (поточно во митохондриите).

Тенденции
Иако во Европа неговата употреба е дозволена, тенденцијата е полека да се исфрла од употреба.

„Кока Кола“ е првата комапнија која започна да го исфрла овој конзерванс од употреба, но тоа досега се однесува само еден нејзин производ – „Кока Кола Лајт“.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Најдобри растенија за слабеење и детоксикација (2 дел)

Во првиот дел ги споменавме коприва, бозел, мента и коморач. И денес ќе наведеме неколку растенија и тревки кои не...

Close