wordpress counter

Дали знаеш: Е-212?

Што е Е-212?
Ознаката Е-212 се однесува на калиум бензоат, што претставува калиумова сол на бензеновата киселина. Нејзината употреба е дозволена во САД и ЕУ, иако во ЕУ не се препорачува за деца.

Како делува и каде се упо­тре­бува?
Се употребува како конзерванс кој спречува развивање на мувла или некои видови на бактерии. Некои видови храна како овошни сокови, газирани сокови или туршија може да се конзервираат со калиум бензоат.

После­дици по здра­вјето
Калиум бензоатот, според „Food Commission“ во Британија се опишува како средно силен иритант кој може да делува на кожата, очите и мукозните мембрани. Мачките особено се нетолерантни на оваа состојка во споредба со глувците.

Related Posts with Thumbnails