wordpress counter

Дали знаете сѐ за комбуха?

Комбухата е пијалак за кој претпоставуваме дека сите сте слушнале. Но, дали знаете сè за неа? Оваа статија ја посветуваме на сите оние карактеристики на комбухата за кои можеби не сте слушнале.

Може да се јаде
Откако ќе ја испиете, комбухата во форма на диск која останала на дното може да се претвори во храна. Има текстура на лигња и овошно-киселкаст вкус. Најдобро е да се косумира сирова, во салата или со паста.

Одлична е за мамурлак
Поради состојки кои делуваат како детоксикатор има силно делување во состојба на мамурлак. Станува збор за состојката глуконска киселина која делува директно на детоксикација на црниот дроб.

Може да станете зависни
Најтешкото кај комбухата е да успеете да се натерате да пробате и втор пат. Но, потоа, полека но сигурно ќе се „навлечете“ на нејзиниот посебен освежувачки вкус.

Делува против киселини
Според истражувањата, комбухата ги отстранува киселините кои може да се појават поради консумирање на определена храна или пијалак.

Комбинација со храна
Секогаш кога пиете пиво може да го замените со комбуха. Значи, ако правите скара или јадете некое друго јадење кое оди со пиво – слободно напијте се комбуха. Ќе уживате во вкусовите.

Related Posts with Thumbnails