wordpress counter

ЕДЕН КИЛОГРАМ ЗЛАТО – ЕДЕН КИЛОГРАМ ЦРН ПИПЕР

gehat (Flickr)Во средниот век, плодот од црн пипер бил вреден колку и златото. Богатите аристократи чувале резерви од плодовите на ова растение бидејќи имал вредност на валута. Пиперот бил употребуван како платежно средство за ренти и долгови. Во тоа време се правеле специјални истражувачки патувања со посебна намена, односно да се пронајдат скапоцени зачини каков што бил црниот пипер. Се сметал за еден од петте основни богатства за надворешна трговија, врз кои била базирана Римската империја. Другите богатства биле: слоновата коска, кинеската свила, германскиот килибар и арапскиот темјан. Една фунта црн пипер во средниот век била еднаква на една фунта злато или тринеделна физичка работа. Кога кралот на Визиготите, во 408 г. п.н.е. не дозволувал да се ослободи градот Рим, три илјади фунти црн пипер биле платени како откупнина, со цел ослободување на градот.

Денес е познат под називот кралот на зачините, или зачин-господар и зазема 1/4 од светската трговија.

Пред да стане глобално познат како зачин, црниот пипер прво се користел за медицински употреби при дигестивна стимулација и слично. Неговиот лут и жесток вкус предизвикува мембраните на носот и грлото да лачат секрети, кои помагаат при проблеми со респирација и проблеми со слузницата. Исто така, се користел и како маст за надворешни повреди на кожата и сипаници. Оттука и неговото вреднување како скапоценост во минатото.

Бибер
лат. Piper nigrum

Црниот пипер е семе на растението piper nigrum (piper – латински збор за растение и nigrum – што значи црно), кое потекнува од брегот на Малабар во Индија. Се смета дека е пронајден пред 4000 години, а се одгледува од 1000 г. п.н.е.

Related Posts with Thumbnails