wordpress counter

Еко, био, органско… што е што?

Постојано сме бомбардирани со поимите еколошко, билошко, органско. Меѓутоа, во врска со овие поими постојат бројни митови и небулози кои мора да се разграничат. Токму тоа е и намената на оваа статија.

Најнапред да започнеме од самите поими. Кога станува збор за исхраната, овие три поими се синоними кои имаат исто значење. Кај нас повеќе се користи поимот еколошки производ, додека во странство – органски или билошки производ.

Еден од митовите кои се плетат околу оваа тема е дека сѐ што е домашно произведено е еколошко. Меѓутоа, вистината е малку поинаква. За да се смета нешто за еколошки производ мора да има и соодветен сертификат за такво производство, издаден од лиценцирана агенција. Затоа, ако некој вели дека има еколошки производ, а не презентира сертификат, тогаш се обидува да ве излаже.

Секој производ кој се смета за еколошки мора да има барем 95% од состојките кои се еколошки. Во спортивно, кај него ја нема ни буквата Е од еколошки.

Друг мит кој е распространет е дека интегралните житарки се секогаш еколошки производ. За да биде тоа вистина, потребно е житарката да е еколошки одгледана и мелена на еколошки начин. Останатото се само убави желби и приказни на производителот или продавачот.

Related Posts with Thumbnails