wordpress counter

Како да одберете најдобри житарки?

Житарките се најдобар избор за почеток на денот. Меѓутоа, треба да имаме предвид дека сите житарки не се подеднакво здрави. Некои видови житарки содржат и шеќери и вештаки состојки кои може да ве здебелат. Затоа, секогаш прочитајте ја декларацијата на производот и послушајте ги следните неколку совети за правилен избор.

Шеќер
Верувале или не, голем дел од житарките содржат шеќер, а некои дури и до 25%. Секогаш одберете житарки кои се незасладени, а доколку сакате да бидат слатки, можете да ги искомбинирате со свежо или суво овошје.

Вештачки состојки
Внимавајте на вештачките бои, солта и преработените житарки. Сите овие состојки треба да бидат во многу мала количина.

Диететски влакна
Важно е житарките да содржат полно влакна. Наш совет е да одберете житарки кои се состојат од повеќе видови. Секако, можете и самите да си подготвите ваш сопствени микс.

Масти
Не дозволувајте да ви излаже привлечното пакување со многу бои, кое ќе ви го одвлече вниманието од декларацијата. Секогаш внимавајте колку масти содржат житарките кои сте ги одбрале да бидат ваш појадок.

Related Posts with Thumbnails