wordpress counter

Кратка приказна за какаото

КРАТКА ПРИКАЗНА ЗА КАКАО

РЕЧНИК
Какао – високо концентриран прав направен од чоколаден ликер – смеса која се подготвува од зрна на какао, плод на какао дрвото. Се користи во подготовка на јадења, како составен дел на пијалаци и како состојка за добивање на длабоко интензивен вкус и арома.

ПЛОД НА КАКАО
Плодот на какао има рапава лушпа која е дебела околу 3 см. Таа е исполнета со слатка пулпа која во себе има 30 до 50 зрна какао кои се многу слични по својот изглед со бадемот. Овие зрна се прилично меки и имаат розова или пурпурна боја.

ИСТОРИЈАТ
Овој плод се одгледува повеќе од 3.000 години, а први кои го употребувале биле Маите и Ацтеките. Колумбо го донел какаото во Европа во 1502 година, а шпанските конквистадори биле послужени со чоколадна напивка која отворила за нив нов свет на вкусови. Од какаото, на почетокот, се подготвувала таканаречена „горчлива вода“, која поради вкусот во Европа почнала да се засладува со шеќер и се нарекувала ксокоати. Во 1657 година, еден млад Французин отвора продавница во Лондон каде продава чоколадо, а нешто подоцна започнуваат да се појавуваат и продавници во кои се подготвуваат топли напитоци од какао и чоколадо. Најголеми производители се Брегот на слоновата коска и Гана, со околу 60% од годишното светско производство.

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ
ПЛУС: Какаото има многу малку холестерол и натриум. Одличен извор е на протеини, хранливи влакна, железо, магнезиум и цинк.

МИНУС: Има многу заситени масти.

КАКАО ВО ПРАВ, НЕ ЗАСЛАДЕНО
големина на порција: 1 шолја 86гр

КАКАО ТАБЕЛА НА СОСТОЈКИ

*Оваа процена за дневната количина е направена на база на внесување на 2.000 калории дневно. Таа може да варира во зависност од тоа колку калории внесувате дневно.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
• Плодот на какаото расте директно од стеблото и наликува на мала диња;
• Неговото ботаничко име е „Theobroma“, што во превод значи „храна на Бог“;
• Путерот од какао многу често се користи при масажа;
• Маите и Ацтеките го користеле како валута и средство за утврдување на вредност;
• И најважното – од него се добива чоколадото.

Related Posts with Thumbnails