wordpress counter

Орео колачиња

ОРЕО КОЛАЧИЊА

Приказната е стара приближно 100 години. Компанијата Nabisco (National Biscuit Company) во 1912 година од својата фабрика во Њујорк за прв пат на пазарот ги претставува орео колачињата. Идејата произлезе од британскиот пазар на колачиња, кој бил премногу обичен и неинвентивен. Првите два вкуса на колачињата кои го обиколија светот беа лимон и крем.

Два чоколадни диска наполнети со крем помеѓу нив. Најголем дел од колачињата денес се прават по овој принцип. А, сѐ започна токму со Орео. Не верувам дека има некој што не пробал Oрео, или барем некоја нивна имитација. Веројатно јадењето одело по овој редослед: го одлепувате едниот диск, го лижете кремот во средината и потоа од немај каде ги јадете и двата диска.

ВРЕМЕПЛОВ
• Првото Oрео колаче со крем од лимон – 1912
• Орео прелиени со карамел – 1987
• Halloween Орео – 1991
• Божиќни Орео – 1995

ИМЕТО ОРЕО
Никој не е сигурен како настанало, дури ни вработените во Набиско. Едни сметаат дека доаѓа од францускиот збор за злато „or“ и кое се однесува на првото пакување на колачињата. Други велат дека доаѓа од грчкиот збор за планина, поради формата на првите тест колачиња. Трети велат дека причината е што тој збор е краток и лесен за изговор.

РЕКЛАМИРАЊЕ
Набиско во текот на 2008 година започна со кампања со употреба на Орео во видео играта DSLR (Double Stuf Racing League). Браќата фудбалери Манинг и тенисерките Вилијамс се дел од трката и рекламирањето на Орео колачињата.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
• Досега се продадени преку 345 милијарди колачиња;
• 3 Орео колачиња имаат: 160 калории, 13 гр шеќер, 7 гр масти и немаат витамини. И покрај тоа, никој не се откажува од нив;
• Ренди Џексон, Роберт Редфорд, Серена и Венус Вилијамс се некои од познататите личности кои не можат да си го замислат денот без ова колаче;
• Ако се наредат сите произведени колачиња, тие ќе направат 380 прстени околу Земјата.

Related Posts with Thumbnails