wordpress counter

Дали знаеш: „Пепси“

Приказната започнува уште во далечната 1893-та година. Креаторот на „Пепси“ е фармацевтот Калеб Бредхам. Првото „Пепси“ го произвел во својата лабароторија, со цел  да создаде вкусен дигестив и вешто успеал во својата цел. Во својот состав содржел ензим пепсин и плодови од афричкото растение кола. Аптеката на Калеб Бредхам била позната по освежителни и лековити пијалаци, кои тој ги продавал. Интересно е дека овој пијалак, тогаш познат како „Brad’s Drink“, бил најпродаван од сите.

До ден денес е еден од најпродаваните освежителни, безалкохолни пијалаци насекаде во светот и неговата популарност секојдневно расте. Моментално постојат повеќе варијанти на „Пепси“ и сите се добро познати за секој жител на оваа планета. Сепак, нема ништо подобро од студено „Пепси“ со лимон во жешките летни денови.

Времеплов

1 Првото „Пепси“ е направено во 1893 година.
2 Во 1898 година, Калеб Бредхам ја купил компанијата „Пеп Кола“
3 Во 1903 година го добива името „Пепси Кола“, кое подоцна е повторно променето во само „Пепси“.

Името „Пепси“
Името доживува неколку измени, поради промената на неговите сопственици. За прв пат се јавува како „Brad’s Drink“, неречено по неговиот пронаоѓач, потоа како „Пепси Кола“ и на крај само „Пепси“. Името доаѓа од ензимот пепсин, кој е една од позастапените состојки во овој пијалак.

Рекламирање
Уште во почетоците на неговата популарност, „Пепси“ е рекламиран од најпознатите ѕвезди од филмскиот, музичкиот, па дури и спортскиот свет. Спонзор е на повеќето американски спортски лиги, а оваа година направи одличен маркетинг на Њујоршката модна недела, со дизанирањето на новото шише на диетално „Пепси“. Исто така, годинава се појави и лимитирано издание наречено „Memorial Day Pepsi“, со вкус на цреша и боровница.

Интересни факти

• во една лименка „Пепси“ има 41 гр јаглехидрати (сите со шеќери), 30 мг натриум, 38 мг кофеин и не содржи масти и протеини;
• иако една лименка „Пепси“ има 150 калории, што е многу за еден безалкохолен пијалак, сепак е еден од најпродаваните освежителни пијалаци;
• во оргиналниот рецепт се употребени плодови од африканското растение кола, кое содржи големо количество на кофеин;
• од своето создавање, оваа компанија банкротирала 3 пати;
• во триесетите години на минатиот век, неколкупати ѝ била понудена можност на компанијата „Кока Кола“ да го купи „Пепси“, но таа не прифатила.

Related Posts with Thumbnails