wordpress counter

Дали знаеш: „Жербо“ колачиња

„Gerbeaud“ („Zserbo“ на унгарски) е веројатно најпознатиот унгарски колач, кој има историја долга 125 години. Првото парче или колаче е направено во славното „Gerbeaud“ кафуле, кое се наоѓа во самото срце на Будимпешта. Иако го носи истото име како и самото кафуле, кога ќе го нарачате „Gerbeaud“, тие веднаш ќе знаат дека сакате да пробате од превксуното колаче со три (или некаде пет слоја, што е познато и како „Добош торта“) слоја од тесто, мелени ореви, мармалад од кајсија и чоколаден топинг. Инаку, историјата на кафулето и колачето не можат да се одделат. Одат заедно како што одат заедно слоевите на ова прекрасно колаче.

Легенда
Повеќе од 150 години, ова кафуле е центарот на слатките задоволства на Будимпешта. Веќе неколку генерации, слаткарството е дел од семејството кое го води ова кафуле. Колачето е создадено пред 125 години. Начинот на подготовка и ден-денес е ист. Рачно изработени колачиња, со највисок квалитет и најдобри состојки.

Сѐ до 1995 година, сопственик е семејството Жербо, а потоа германскиот бизнисмен Ервин Милер го презема во своја сопственост. Тој успева да му го врати стариот сјај.

Од 2004 година, местото е во сопственост на „Gerbeaud Gasztronómia Ltd“.

Интересни факти
Сѐ до 1940 година, кафетеријата и слаткарницата ја водела Естер Жербо. Нејзиниот изглед само ја надополнувал целата атмосфера која владеела во местото – беспрекорен персонал, најдобар кујнски прибор, хигиена на највисоко ниво и највкусни колачиња. Во овој период, „Жербо“ станува култно место.

Во 2010 година „Жербо“ колачето е избрано од страна на интернет заедницата, во групата на 10-те најдобри десерти на светот.

Некогаш, ова колаче се подготвувало исклучиво за специјални прилики, како што биле свадби и значајни церемонии.

Related Posts with Thumbnails