wordpress counter

Зошто Цезар салата?

Многу јадења во светот своето име го должат на определена личност која го осмислила, или пак, послужила како инспирација да се направи толкму тоа јадење. Еве приказна за три од тие јадења и начинот како го добиле името.

ЗОШТО ЦЕЗАР САЛАТА?

ЦЕЗАР САЛАТА
Сосема погрешно е мислењето дека Цезар салатата го добиле своето име по големиот римски освојувач. Вистината е дека ова име се поврзува со еден готвач од италијанско – мексиканско потекло, Цезар Кардини. Оваа приказна започнува на денот на независноста на САД, во 1924 година. Откако ресторанот во кој работел имал неочекувано голем број на гости и се потрошила приготвената храна, Кардини, морал да импровизира со преостанатите продукти. На тој начин ја создал Цезар салатата, без да може да насети каква популарност ќе стекне. Во ресторанот биле и неколку американски ѕвезди, по што оваа салата добива светска популарност.

ФЕТУЧИНИ АЛФЕРДО
Тестенините со сирење и путер или павлака, ја должат својата слава на италијанскиот готвач Алфердо ди Лелио. Господинот бил загрижен поради тоа што неговата жена била многу слаба по породувањето, па подготвил сос од павлака, путер и пармезан за да ѝ ја врати силата. Сосот го помешал со фетучини и се роди јадењето кое денес сите го обожуваме. А, како стекна светска слава? Во 1927 година, познатиот холивудски пар – Даглас Фербенкс и Мери Пикфорд, при нивната посета на Рим решаваат да го посетат ресторанот на Алфердо и се вљубуваат на прв залак во фетучините. Останатото е историја.

ЈАЈЦА БЕНЕДИКТ
Брокер од Wall Street, по бурна ноќ се вратил во хотел и го замолил персоналот да му подготви лек за мамурлак кој се состоел од тост, варени јајца, сланина и сос холандезе. Но, поради нарачката во доцните часови и недостигот од некои продукти, јадењето пристигнало делумно изменето. Имено, наместо тост брокерот добил muffin, наместо сланина – шунка и на тој начин настанало јадењето „Јајца Бенедикт“. Сепак, способноста на ова јадење да лечи мамурлак е сеуште тема на расправа.

Related Posts with Thumbnails