wordpress counter

Една промена – ново јадење (1 дел)

Секој од нас има неколку омилени јадења кои е расположен да ги консумира во било кое време. Меѓутоа, со тек на време, посакуваме нешто да им смениме за да ни бидат и натаму привлечни. Еве неколку совети со кои може да им се даде нова арома, вкус или изглед на нашите јадења.

Тестенини
Кога подготвувате тестенини, наместо сол додадете сок од половина лимон. Не само што ќе му даде нов елан на јадењето, туку и ќе намалите со внес на натриум.

Перфектно месо со кафе
Измешајте квалитетно кафе со пиперка, чили во прав, сол, бибер и ким. Можете да додадете и малку шеќер и со целата смеса да го премачкате месото.

Салата од компири
Салатата со компири може да биде премногу кремаста ако има мајонез или многу јака ако има оцет во неа. Ако сакате посебна компир салата, тогаш додадете и 1-2 мали лажици рен.

Сос за тестенини
За да му дадете богат вкус на сосот за паста, измешајте ¼ шолја кисела павлака на 2 шолји сос. Варете на тивок оган, сѐ додека павлаката не се измеша со сосот. Не дозволувајте да проврие.

Related Posts with Thumbnails