wordpress counter

10 кулинарски работи кои Џејми Оливер ги сака во Италија

Не е никаква тајна дека Џејми Оливер ја обожува Италија. Многумина во оваа земја наоѓаат кулинарска инспирација и затоа ни беше мошне интересно да дознаеме што толку го инспирира еден од најдобрите светски готвачи.

Рим – поради тоа што има ресторани во секоја уличка.

Маслиново масло – и тоа маслото „Fontodi“, кое го користи во сите негови 15 ресторани.

Pizza Fritta“ – сите негови студенти ги носи на ова јадење кога се во Италија. И тоа во ресторанот „Il Vescovino“ во Панзано, Кјанти.

Тоскана – затоа што е регион прекриен со храна и вино, а Фиренца е еден од најубавите градови на светот.

Месо од дива свиња – поради јакиот вкус и мирис и неверојатните јадења кои се добиваат од тоа месо.

Вино „Santo“ – десертно вино кое е скапо, но вреди за сите пари кои ќе ги потрошите.

Кафе – јако кафе кое е неизоставен дел од нивната култура. Дури и кафето на бензинска станица во Италија е подобро од кафињата во другите делови на светот.

Оцет – балсамико, леплив и стар е нешто што го оживува секое јадење.

Амалфи – прекрасно крајбрежје, неверојатна кујна, гостопримливи луѓе и јадење во круг на семејството.

Џенаро Конталдо – поради начинот на кој зборува за италијанската кујна, неговото знаење, ентузијазмот и радоста со која ја направи италијанската кујна светски популарна.

Related Posts with Thumbnails