wordpress counter

4 ресторани во кои никогаш не може да се добие маса (1 дел)

Рестораните се места во кои луѓето доаѓаат да се релаксираат по напрониот ден и секако да уживаат во некој посебен специјалитет или храна. Сепак, во светот, денешните ресторани се сосема поинакви: закажување со денови, мало масиче и столчиња, јадете она што ќе ви го понуди шефот, а порциите се мали. Сепак, најголемиот предизвик е да добиете маса.

За волја на вистината, со малку упорност, во поголем број ресторани тоа ќе ви успее. Но, пронајдовме 4 ресторани во кои речиси и да не постојат шанси некогаш да ја освоиме толку посакуваната маса. На два пати ќе ви ги претставиме тие ресторани во САД.

„Chunkie’s Corner“
Бруклин, Њујорк

Како што вели самиот сопственик, ова е вирутелен ресторан. Резервирањето постои на база на тркало на среќата. Имено, 19 среќници кои се избираат по случаен избор на match.com, ќе можат да дојдат и да уживаат во храната на овој ресторан кој се наоѓа во Бруклин. И пред да започне пукањето и уличните пресметки, веќе ќе вкусите мангализа свинско, тартар од зајачко месо, кростини со риба и слични јадења кои никогаш нема да ви бидат доста. Интересно е дека вечерата секогаш започнува 19 минути по залезот на сонцето.

„4-Edge“
Појзнфиш, Монтана

Станува збор за рустичен ресторан, на чии ѕидови има влажни дрва, подот е речиси секогаш неисчистен, мириса на мочуриште и насекаде се расфрлани трупци за седење. И секако, сега ќе прашате зошто воопшто би барале маса во тоа место.

Приказната е во тоа што треба да поминете тест за да добиете трупец за седење. Тестот има преку 30 страни, а вие треба да добиете оценка барем 4+ за да ја добиете мапата каде се наоѓа ресторанот. За да стигнете ќе ви треба знаење од качување по карпи, рифтинг на вода, трчање по песок и слични вештини. Внимавајте, она што ќе го соберете по пат, тоа и ќе ви биде приготвено.

Ќе признаете дека е интересно, нели?

Related Posts with Thumbnails