wordpress counter

Ако патот ве води кон Њујорк…

Доколку имате намера да го посетите Њујорк, еве еден список на фенси (must visit) места за јадење и неколку места во кои можете да отидете на чашка или шише пијалак.

АПОТЕКА БАР
Добро познат по над 300 коктели што ги подготвуваат бармените кои се препознатливи по своите бели сакоа. Нивната посветеност оди до таму што тревките кои ги користат за подготовка на коктелите ги чуваат потопени во гватемалски рум. Навечер, барот повеќе не е бар, туку сцена, подиум, на кој белите бармени успеваат да ја издраматизираат до тој степен атмосферата што шишињата шампањ ги отвораат со помош на антички сабји, додека пламени од шејкери и виножито од коктел бои ги галат вашите очи. Не знам за вас, ама јас веќе се пакувам.

www.apothekebar.com

КЛО
Еден од најголемите светски познавачи на виното, Ендрју Бредбери, е сопственик на оваа винотека во која постои уникатен систем на дегустација на вино. Постои електронска книга за вино до која доаѓате преку екран на допир кој е сместен во барот. Откако ќе го направите изборот, електронски апарат ќе го подготви виното и ќе ви го послужи на соодветна температура.

www.clowines.com

nyc02

КЛОЕ 81
Мошне брзо стана едно од омилените места на њујоршкиот џет-сет. Сместен во сутерен и уреден едноставно, измамува воздишки. Мал совет: немојте ниту да помислите да одите таму без резервација. За да си заштедите време.

www.chloe81.com

СКУДЕРИА
Модерна изведба на италијанска траторија, во која се служи вкусна храна во релаксирана, кежуал атмосфера. Се наоѓа на Менхетен и има бар, сепареа и мезанин од кој има поглед на барот и просторијата за јадење. Мезанинот нуди опција и за приватна вечера во интимна атмосфера, одвоено од другите делови на ресторанот.

www.scuderianyc.com

MOMOFUKU KO

МОМОФУКУ КО
Јапонски ресторан кој, верувале или не, има само 12 места за седење. Значи, ако сакате токму таму да јадете – наоружете се со трпение за да успеете во својата намера да се сместите во нивните столови. Начинот на резервирање е уникатен – се јавувате, ве ставаат на список и потоа местата се доделуваат по случаен избор.

www.momofuku.com/ko

Related Posts with Thumbnails