wordpress counter

Ако сакате „Нутела“ мора да пробате и „Џандуја“

Ако сè уште не сте го сретнале овој збор, треба да знаете дека станува збор за слатко чоколадо во кое има 30% паста од лешници. Интересно е дека кога првпат се произвела, „Нутела“ се викала „Паста Џандуја“.

Ова посебно чоколадо е направено во Торино за време на владеењето на Наполеон. Името го добило по кукла, а најпознат производител е „Caffarel“. Се произведува и како чоколадо во форма на бротче и во тој случај се вика „Џандујоти“, што е регистриран бренд на „Caffarel“ од далечната 1852 година.

Освен за директно консумирање, „Џандуја“ може да се користи и за приготвување на сладолед, топло чоколадо, чоколаден мус. Одлично се комбинира и со зачини, рум, сушено овошје, чили и цитруси.

Кај нас ја нема, но ако налетате некаде во странство на неа, купете ја. Не само што ќе уживате, туку ќе можете и да приготвите некој прекрасен десерт.

Related Posts with Thumbnails