wordpress counter

Бар во кој самите носите храна

„Basis“ е новоотворен бар во Амстердам, Холандија, кој има навистина посебен начин на функционирање. Имено, во овој бар храната можете да си ја донесете однадвор. Барот е отворен поради економската криза која го зафати овој град. Како за ислустрација, во последните две години дури 10% од кафе баровите во Амстердам пропаднале. Сепак, овој нов и необичен концепт му помага на барот да работи профитабилно.

Една група на млади ентузијасти решила да не се нервира со кризата и го отворила овој бар без некои поголеми вложувања. Барот им дозволува на гостите да си донесат јадење кое го нарачале во местата со поефтина храна. Тука ви се обезбедни прибор, салфетки, микробранови печки во кои можете да ја загреете храната. Вам ви останува да си нарачате за пиење и нормално, тоа да го платите.

Луѓето кои стојат зад овој проект имаат искуство со кетеринг, но ја напуштиле таа дејност откако откриле дека пазарот е ограничен и дека никако не можат да создадат релаксирачка атмосфера каква што посакувале. Затоа, се појавува барот „Basis“.

Кога ќе се земе дека просечниот оброк во Амстердам чини 20 евра без пијалак, тогаш оваа идеја е навистина добра. Во овој бар луѓето имаат чувство дека јадат надвор од дома, но по пониски цени отколку во рестораните. Некои гости си носат јадење приготвено дома – од топено сирење, па до суши.

За сите оние кои не знаат сами да готват, барот има и список на ресторани кои вршат достава, така што може и да нарачате нешто. Навистина супер начин да се поддржи социјалниот живот на граѓаните, особено на оние кои не можат да си дозволат да јадат во ресторан со пријателите.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Салата на скара

Иако, кога зборуваме за салата и зеленчук најдобро е да се јадат свежи, понекогаш малку миризлив чад од скара нема...

Close