wordpress counter

Чудни јадењa од различни страни на светот

Дека човековата фантазија е безгранична зборува и овој список на неколку јадења од различни страни на светот. Интересно е дека, колку и да ви звучат чудно, овие јадења ги консумираат многу луѓе, а некои се сметаат и за вистински деликатеси.

Пита од алигатор, САД
Во еден ресторан во Њу Орлеанс се нуди пита од алигатор. Ова е случај во цела Луизијана. Алигаторите се одгледуваат и во комерцијални цели во јужно-американските држави. Оваа пита се состои од месо од алигатор, сирење и шкампи.

Горчлива диња, Азија/Африка
Ако не сте го пробале ова овошје, не знаете што е горчливост. Се користат најразлични методи како солење или бланширање за да се отстрани горчливоста. Овошјето е богато со витамини и минерали.

Крвав јазик, Германија
Ова е традиционално германско јадење кое се приготвува од крвав јазик од крава. Тие се сушат, варат, се зачинуваат и на крајот се обликуваат во вид на тенки плочки.

Пилешко колено, Кина
Кинезите обожуваат колена од животни. Го приготвуваат со лук и многу зачини. Ова јадење нема коски, туку се состои од ‘рскавица, месо, кожа и масти.

Нато, Јапонија
Станува збор за соја која се вари 6 часа на пареа, потоа ѝ се додава бактеријата Bacillus subtilis. По 24 часа ферментација и една недела стоење, подготвено е за сервирање.

Бодликав кактус, Мексико
Мексиканците го додаваат овој кактус во многу јадења. Може да се јаде сиров, приготвен на скара, варен, печен, па дури и како сладолед. Вкусот му е сладок, а содржи и многу витамини и минерали.

Виме од крава, Италија
Ова јадење датира од многу одамна. Сиромашните морале да научат како да се прехранат од остатоците, затоа што само богатите уживале во убавите делови на кравата.

Related Posts with Thumbnails