wordpress counter

Чудни кулинарски иновации (1 дел)

Чоколадо и путер од кикиритки, сланина и сладолед, домати и зелена салата. Некои комбинации се сосема природни, за други нема да ви се верува дека некој ги замислил. Други, пак, бараат многу имагинација. Следниве неколку комбинации се навистина неверојатни.

Кафе во „Fiat 500L“
Освен што изгледа убаво, има и италијански кафе шмек: машина за кафе „Лаваца“, сместена помеѓу двете предни седишта. Лесно се управува, така што нема да ви биде потребен бариста на задното седиште.

Вертикални градини
Станува збор за технологија на „НАСА“. Култивиран систем на одгледување на растенија кои буквално висат во воздух. Се користи само вода и растат вертикално. Со ваквиот начин на одгледување се заштедува вода и до 90%, ѓубрива до 60% и воопшто не се потребни пестициди.

Куру-куру Набе
Јапонскиот стоматолог Хидеки Ватанабе ги искомбинирал неговата љубов кон стоматолошките материјали и нудлите, за да направи сад кој сам ја меша храната. Овој сад користи термодинамика и има уникатна форма со помош на што водата побргу врие, без да се создава пена и ги штити нудлите од лепење за садот и горење.

Тостер уметник
Сунг Бае Чанг за „Electrolux“ направи тостер кој вади лепчиња со слика која ја сакате. Ќе ви треба само УСБ, интернет конекција и неколку кришки леб.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Омилените ресторани на Гвинет Полтроу

Гвинет Полтроу е една од најдобрите англиски актерки. Покрај актерство, нејзина втора окупација е храната. Токму затоа, решивме да ги...

Close