wordpress counter

Чудни кулинарски иновации (2 дел)

И во вториот дел од статијата ви пренесуваме уште 4 навистина уникатни комбинации во чиј фокус се наоѓа храната.

Балзам за усни од путер
Првин беше путер во спреј, па стапчиња путер, а најново од бутикот за храна на Пола Дин во САД е балзамот за усни од путер. Покрај овој од путер, има балзам и од банана пудинг и ореви.

Пицамат „Let’s Pizza“
Холандската компанија „A1 Concepts“ го претстави „Let’s Pizza“, машина за продажба на свежа пица. Пицата се приготвува за три минути, а изборот е сведен на 4 можности.

Лименка „I.C. Can“ на која не ѝ треба фрижидер
Оваа лименка од 500 мл содржи 300 мл течност, а остатокот е глина која сама се лади и која се активира со евапорација. Резултатот е ладен пијалак, секогаш кога ви е потребен.

Електрична вилушка за шпагети
Станува збор за автоматска вилушка која работи на две батерии. Работи слично како електричната четкичка за заби. Освен за тестенини, може да се користи и за мешање на салати.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Врели костени за студена есен

Ништо не потсетува толку многу на есен како што е мирисот на печени или варени костени во домот додека надвор...

Close