Чудни некои луѓе и храна (1 дел)
Секоја земја има свои специјалитети во кои сите подеднакво уживаме. Но, во традиционалните кујни низ светот постојат и рецепти на кои не гледаме сите со исти очи. Имено, за некои јадења потребно е навистина јак желудник и голема храброст. Еве некои од нив:
Хакарал, Исланд
Овој специјалитет се подготвува од месо од ајкула кое се суши во надворешни услови. Се послужува во распадната состојба, во комбинација со голема количина ракија од комири.
Геодак, САД и Канада
Ова мекотелно суштество има месест дел кој е ценет поради вкусот и крцкавоста откако ќе се испече. Но, некои го консумираат и свеж, како суши, со соја сос.
Харинга, Холандија
Пролетен специјалитет во Холандија. Се јаде сирова, само со сол. Се фаќа за опашката и полека се спушта во уста. Во нејзина чест се одржува и фестивалот на харингата.
Хагис, Шкотска
Според оние кои го пробале, ова е едно од најодвратните јадења во светот. Основниот рецепт опфаќа: срце, џигер и бели дробови од овца, лук, лој и зачини. Ова потоа се става во овчи стомак и се јаде. ●
