wordpress counter

Ден на вљубените само за хетеросексуалци

Ресторанот на франшизата „Сабвеј“ во Анжер, Франција понудил специјално мени за празникот на вљубените посветен само на хетеросексуални парови. Поради тоа се нашол под серозна критика од страна на членовите на здрженијата кои ги бранат правата на граѓаните со хомсексуална ориентираност.

Според сопственикот, негово уставно право е слободата на изразување и избор и поради тоа се решил на ваков чекор. Законот за хомосексуални бракови не е стапен на сила и до тогаш тој смета дека може слободно да го изразува своето мислење.

Сепак, веднаш откако управата на синџирот ресторани го открила овој случај, ресторанот е затворен. Во изјавата на „Сабвеј Франција“ стои дека тие се извинуваат за настанот и наведуваат дека секоја локација добиена со франшиза се раководи индивидуално од самиот сопственик.

Related Posts with Thumbnails