wordpress counter

Ресторани за брза храна за кои не сте слушнале

Кога ќе се споменат рестораните за брза храна, на памет ни паѓаат „Мекдоналдс“, „Бургер Кинг“, „Кентаки Фрајд Чикен“. Но, во светот постојат илјадници други синџири на ресторани за брза храна за кои никогаш не сме слушнале. Оваа статија е наменета токму за нив.

Chefette“
Овој синџир се состои од 14 ресторани кои се наоѓаат на Барбадос. Оваа година слави 40 години од постоењето, а во него може да најдете пици, пилешко, сендвичи и салати. Најпознато јадење е „роти“ (палачинка полнета со зеленчук со кари и месо). Името е комбинација од зборовите „да готвиш“ и „да се забавуваш“.

Mr. Bigg’s“
Во моментов поседува 170 локации и се наоѓа во 28 од 36 федерални единици на Нигерија. Најпопуларни оброци се „моин моин“ и „офада ориз“.

Jumbo King“
Индиски семеен ресторан за брза храна кој работи на 30 локации. Во него можете да уживате во „вада пав“ – оброк од пржен, зачинет компир во форма на ќофтиња.

Secret Recipe“
Станува збор за малезиски ресторани кои нудат колачи, „соба“, супи како „кари кари лакса“ и виетнамската „фо“. Покрај во Малезија, работи и во Сингапур, Тајланд, Индонезија, Филипините, Кина, Пакистан, Австралија и Брунеј.

Supermac’s“
Основан од учителот Пет Мекдона во Галвеј, 1978 година. Денес има преку 100 ресторани во Република Ирска и во Северна Ирска. Компанијата тврди дека го измислила кари чипсот, а покрај бургери, чипс и пилешко, можете да вкусите дури 8 различни типови на помфрит.

Related Posts with Thumbnails