wordpress counter

Фестивали на храна кои не се пропуштаат (1 дел)

Денес, буквално во секој агол на планетата се организираат фестивали на храна и пијалаци. Но, оваа нашата статија е посветена на 10-те најдобри, во избор на „National Geographic“.

„The Food and Fun Festival“
Рејкјавик, Исланд

Овој фестивал опфаќа меѓународен натпревар на готвачи во соработка со локалните готвачи од најдобрите тамошни ресторани. Тука ќе разберете како оваа мала нација знае да направи неверојатни специјалитети од јагнешко месо, риба и морски плодови и млечни производи. Не заборавајте да пробате „pylsur“ (сочен хот дог).

„Galway International Oyster and Seafood Festival“
Голвеј, Ирска

На овој фестивал се одржува Светското првенство во јадење остриги. Фестивалот трае три дена, баровите се полни со луѓе, а масите со остриги. Пиво се пие на тони, а една девојка се закитува со титулата „Бисер на остригите“.

„Wildfoods Festival“
Хокитика, Нов Зеланд

Ова е фестивал на бизарна храна. Стотици видови најразлични животни, инсекти и слични видови храна се вистинско уживање за луѓето кои ја сакаат оваа храна. Овде ќе можете да вкусите и месо од крокодил и кенгур. Покрај тоа, овој фестивал има и карневалски шмек.

„Gilroy Garlic Festival“
Гилрој, Калифорнија

Ова е најмиризливиот фестивал на светот. На него се консумираат преку два тони лук, употребен во најразлични гастрономски комбинации. Дури и како сладолед. Секако, носете си гуми за џвакање.

„International Mango Festival“
Њу Делхи, Индија

Преку 500 различни видови на индијското национално овошје – мангото се суштината на овој годишен фестивал. Сè што можете и не можете да замислите кога мангото е во прашање, ќе го најде во Њу Делхи.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Сладолед од Абсинт

Овој десерт е навистина уникатен. Не само што освежува и е едноставен за подготовка, туку овозможува и двојно уживање. За...

Close