wordpress counter

Фестивали на храна кои не се пропуштаат (2 дел)

Во вториот дел од оваа статија набројуваме уште 5 фестивали кои треба да се посетат, според пишувањето на светски популарното списание „National Geographic“.

„Spirit of Speyside Whisky Festival“
Списајд, Шкотска

Овој фестивал трае 5 дена и за време на настанот се ужива во шкотскиот национален пијалак. Можете да прифатите да бидете дел од некоја тура по дестилериите, да дегсустирате некое виски кое никогаш нема да се извезува или да бидете дел од прошетките во дивина (со шише виски во ранецот).

„Spargelfest“
Швецинген, Германија

Верувале или не, Швецинген е главниот град на аспарагусот. На овој пролетен фестивал се слави овој кралски зеленчук и тоа со песни и ора. Аспарагусот, како ѕвезда на настанот, се служи во сите можни комбинации.

„Niagara Icewine Festival“
Нијагара он д лејк, Онтарио

Фестивал на смрзнато вино кој се одржува во јануари. Онтарио е еден од најголемите производители на вакво вино кое се повеќе добива на популарност. Ако се затекнете таму, комбинирајте го со свежо печени костени.

„International Tteok Fair“
Сеул, Јужна Кореја

Фестивалот на тортите од ориз. Тие се меки, со најразлични бои и изгледаат прекрасно. Во Сеул дури и има музеј посветен на овој специјалитет. И секако, сите овие специјалитети се сервираат со вино од ориз.

„Mistura Festival“
Лима, Перу

Ова е настан која ја слави перуанската кујна. На овој фестивал ќе најдете пикаронес (пржени комири и тиква), афро-перуански супи и чорби, перуанско-кинеска кујна и бројни коктели. Да не заборавиме на пченката и квиноата. Сите заедно создаваат едно незаборавно искуство за нашето сетило за вкус.

Related Posts with Thumbnails