wordpress counter

Фиренца – гастрономското срце на Тоскана

Тосканската храна е едноставна, непретенциозна и обилува со локални производи, сирења и месо. Тосканците се познати и по консумацијата на грав, кој може да го најдете во речиси сите видови на оброци. Обожуваат и месо од дивеч и секако вино.

Рецептите варираат од традиционални до иновативни. Овој широк избор на јадења не само што овоможува историски и социјални информации, туку остава простор за флексибилно, живо и креативно готвење.

Во срцето на готвењето во Фиренца се наоѓаат 4 основни состојки: леб, екстра девствено маслиново масло, месо и вино. Во продолжение ќе наведеме неколку од најпознатите јадења.

Tonno e fagioli“ – Салата од туна со грав
Гравот се вари во солена вода со жалфија и лук. Се сервира со туна и се прелива со масло. Се служи како предјадење или брзо главно јадење со крцкаво лепче.

„Panzanella“ – Салата од бајат леб
Вкусот на ова јадење најмногу зависи од лебот, кој мора да биде несолен, стар ден-два, а останатите состојки мора да бидат со врвен квалитет. Се служи со лесно, младо црвено вино.

Pollo alla fiorentina“ – Пилешко на фирентински начин
Фантастичен спој на пилешки гради со лебни трошки, пармезан, спанаќ, целер, кромид, крем сирење, црвен пипер и лук.

Во Фиренца ќе најдете мноштво кулинарски курсеви на кои можете да станете вистински виртуоз во кујната. Секако, тука се и гастрономските излети со дегустирања на сирење, вино и десерти. Едно е сигурно – ако заминете во Фиренца за да ги размазите вашите непца, сигурно ќе успеете во тоа.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Трикови од кујната

Кога зборуваме за трикови од кујната, најчесто наједноставните решeнија се и најдобри. Често се сретнуваме со проблеми кои ни изгледаат...

Close