wordpress counter

Храната на Канада

Канада е земја во која живеат луѓе од сите страни на светот и поради тоа е мошне тешко да се создаде единствена канадска кујна. Затоа и специјалитетите кои, на пример, ќе ги најдете во Ванкувер, се сосема различни од тие во Квебек.

Канаѓаните ја ценат свежата храна, без разлика дали се работи за зеленчук или риба. Сакаат да купуваат на пазар и оттаму се и најголемиот број на продукт кои ги користат за готвење. Денешната канадска кујна е комбинација од традиционлано и модерно. Сѐ уште може да се најдат традиционални јадења, како што се багелс и димено месо, но готвачите сѐ повеќе се посветуваат на иновациите.

Кои се топ 5 канадски специјалитети?

Јаворов сируп
Ова е веројатно најпознатиот извозен производ на Канада. Неговата примена е мошне широка. Во минатото се употребувал исклучиво за десерти, сега готвачите го користат и за сосови, преливи и коктели.

Лосос
Според гурманите, најдобриот лосос е оној од Тихиот Океан. Најсвеж лосос, пак, може да се најде во бројните азиски и јапонски ресторани во Ванкувер.

Путине
Станува збор за помфрит со парченца сирење и говедски или пилешки сос. Постојат бројни варијанти на овој специјалитет, кој е многу популарен во доцните вечерни часови.

Јастог
Ако лососот е главен на западот на земјата, јастогот го има освоено целиот исток на Канада. Според канаѓаните, највкусни рецепти за јастог се оние кои се наједноставни.

Дивеч
Канаѓаните секогаш чувствувале гастрономска љубов кон месото од дивеч. Овие специјалитети и натаму се популарни. Особено уживаат во месо од северноамерикански елен, бизон и фока.

Related Posts with Thumbnails