wordpress counter

Храната со најлош мирис на светот (1 дел)

Нашата перцепција за храната е дека таа секогаш е вкусна, мириса прекрасно и изгледа примамливо. Но, верувајте дека постојат специјалитети кои мирисаат мошне јако и лошо и ретко кој се осмелува тоа да го проба. Сепак, тие јадења постојат, а ова е обид да ги наброиме и да ве запознаеме со нив.

Југо-источна Азија
Во овој предел на светот се наоѓа едно посебно овошје – дуријан. Она што може да ви исплаши не е неговиот изглед со боцки, туку неговиот карактеристичен мирис. Некои, јадењето на овој плод го споредуваат како јадење на пудинг во канализација, а мирисот на неиспрани чорапи и скапан кромид. Во Тајланд може да најдете Ча ом зеленчук, кој мириса на сулфур, а на Филипините сушена, солена риба која мириса ужасно.

Кина и Хонг Конг
Оној што бил во овој дел на светот, веројатно се сретнал со убиствениот мирис на некои улици кој доаѓа од таканареченото миризливо тофу. Оваа ужинка се прави од тофу кое се маринира во ферметирано млеко, зеленчук, месо или ракчиња и зачини. Некои велат дека има вкус на скапано месо.

Јапонија
На овој пацифички остров постои Нато – ферментирана соја, кој се служи како гарнир. Има вкус на икра и мирис на чорапи.

Индија
Кала Намак е зачин кој се прави од црна сол. Се користи како зачин за тофу, јајца, салати и омлети. Според тие што го вкусиле, ова јадење има мирис на три пати расипано јајце.

Скандинавија
Кога ќе отворите лименка „Surströmming“ ќе ве заплисне толку скапан мирис, што може да се шокирате. Станува збор за харинга која отстојува со месеци во солена саламура. Се консумира со леб, компири, кормид и зачини. На Исланд може да „уживате“ во хакари. Тоа е ферментирано месо од ајкула, со мирис на амонијак.

Related Posts with Thumbnails