wordpress counter

Храната со најлош мирис на светот (2 дел)

Како и во првиот дел, така и сега про­до­лжу­ваме со при­ка­зната наре­чена храна со најлош мирис на све­тот. Ако прет­ходно ја посе­тивме Азија, сега ќе пату­ваме низ Аме­рика, Африка и Европа.

Африка
Во западна Африка, оста­то­ците од мешун­ките на багре­мот (оние со кои порано ги хра­невме козите во Зоо­ло­шка гра­дина) не ги фрлаат. Ги оста­ваат да ска­паат, при што се фор­мира супстан­ција позната како „иру“, која се кори­сти за зачи­ну­вање на јаде­њата. Еднаш ако јадете, тоа ќе се чув­ствува во наред­ните неко­лку дена. Во јужна Африка попу­ларно е и „бокомс“. Тоа се мали риби кои се чуваат во сол и се оста­ваат на сушење неко­лку дена на отво­рено. Тоа резу­лтира со неве­ро­јатно моќен мирис.

Јужен Паци­фик
Иако Тахити на сите ни изгледа како рај на земјата, мири­сот на „фафару“ ќе ве врати во реа­лно­ста. Пија­ла­кот напра­вен од риба, лосос или шка­мпи, во ком­би­на­ција со крем од кокос, ќе го „рашири“ вашиот здив до непре­дви­дени гра­ници. Од друга страна, можете да се пре­пу­штите и на „опој­ниот“ мирис на нони овош­јето кое и покрај тоа што е полно со вита­мини и анти­ок­си­данси, него­виот мирис може да ве натера да се изблуете.

Европа
Лим­бур­гер сире­њето во Бене­лукс и Гер­ма­нија е едно од нај­ми­ри­зли­вите јадења во Европа. След­нава инфор­ма­ција можеби ќе ви обја­сни повеќе — истата бак­те­рија која се кори­сти за фер­мен­ти­рање на ова сирење е онаа која го пре­ди­зви­кува мири­сот под пазуви. Бри­тан­ците, пак, го имаат „Stinking Bishop“, кој мириса на собле­ку­ва­лна на рагби играчи. Тоа е резу­лтат на фер­мен­ти­ра­ниот сок од круши.

САД
Меди­сон, Мине­сота се гор­дее на сво­јот „Lutefisk“. Него­вото поте­кло е скан­ди­нав­ско, но жите­лите на Мине­сота веќе го сме­таат за свое. Бела риба се пото­пува во кау­стична сода со денови, за да се добие неза­бо­равна арома. Потоа се пече или вари со путер и се добива желе изглед. Во Западна Вир­џи­нија ужи­ваат во кро­ми­дот и лукот, а ако се нај­дете во Брад­форд, Пен­си­лва­нија, не забо­ра­вајте да го посе­тите „Stinkfest“. Името сè си кажува.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

Spam Protection by WP-SpamFree

MILK

©2009-2013. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Гастрополис