wordpress counter

Идеална тура за сите бајкери – гурмани (1 дел)

Во последно време, многу луѓе го планираат својот одмор како гурманско патување. Денешната статија е посветена токму на таков тип на патување, но само ако сте бајкер. Станува збор за убава комбинација на одмор за бајкери кои уживаат во храна и вино.

Бургундија, Франција
Место од бајките. Додека возите по малите селски патчиња и уживате во средновековни градчиња и селца, можете да застанете на бројни места, па дури и замоци каде може да уживате во неверојатна храна и уште поневеројатно вино.

Хрватски острови
Во Хрватска има преку 1.000 острови од кои голем дел се ненаселени. Во оваа недеопрена природа не само што ќе уживате во одлично возење, туку ќе вкусите вкусна морска храна, светски познато маслиново масло и секако ќе се освежите во солените води на Јадранот.

Нова Шкотска, Канада
Ова е веројатно една од најшармантните канадски приморски области. Во Нова Шкотска, ќе возите покрај вода, по должина на крајбрежната област која е целата накитена со светилници. Пејсажот го надополнуваат прекрасни ридови накитени со цвеќиња, а по напорното возење, следува морска храна во некое од малите селца каде може и да преноќите.

Јордан
Ова патување може да биде вистинска авантура. И чиста романтика. Возењето може да го надополните со пикник во некој од големита замоци, дегустирање на локална храна или вечера за време на залез на сонцето во некој бедуински камп.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

„Guinness“ подморница

На Балтикот, во близина на Стокхолм, се појави навистина интересна и несекојдневна подморница. Станува збор за „Guinness“ подморница, односно првиот „Guinness“...

Close