wordpress counter

Идеална тура за сите бајкери – гурмани (2 дел)

Во првиот дел споменавме дека сè повеќе луѓе се решаваат на алтернативни форми на туризам. Во тој дух е и оваа наша статија. Туризам за сите бајкери кои се и гурмани во исто време.

Тоскана
Секако, италијанска Тоскана е една од класичните кулинарски дестинации за одмор. Возењето во овие предели е вистинско уживање, надополнето со патишта кои минуваат покрај бескрајни лозја, огромни вили и мали селца и градови. Кога на тоа ќе ја додеме и тосканската кујна, гарантираме незаборавен одмор.

Калифорнија
Централниот дел од брегот на Калифорнија нуди многу за секој бајкер и гурман. Прекрасно крајбрежје, привлечни и старомодни градчиња, локална морска храна и фантастично калифорниско вино. Треба нешто повеќе?

Бордо – Сан Себастијан
Ова е француско-шпанска тура. Позната и како „Gourmet Cycling Travel“, претставува неверојатна комбинација од одлични патеки за возење, пејсажи од кои ќе ви запре здивот и секако незаборавни оброци. Секако, тука се посетите на историски места, одлични ресторани и замоци и секако дегустирање на врвно вино.

Јужна Африка
Оваа бајкерска тура минува низ прекрасните и надалеку познати јужно-африкански лозја „Stellenbosch“ и „Franschhoek“. Покрај возењето, може да се помине време во дегустации, часови по готвење, вечери на приватни имоти и секако фантастичните пејсажи на крајбрежјето околу Кејптаун.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Ќофтиња во сос

Ова јадење е познато во речиси секоја земја на светот. Во зависност од земјата и луѓето, овие ќофтиња може да...

Close