wordpress counter

Италијански зборови кои мора да ги знаете

Го започнувате оброкот со антипасто, потоа нарачувате лингуини вонголе и завршувате со највкусното забаљоне. Може да се случи да немате поим за што станува збор. Затоа, научете го јазикот на италијанското мени.

Al dente – за тестенини; сварени така што ќе бидат цврсти во внатрешноста кога ќе ги гризнете;
Alla – на определен начин; на пример: alla italiana – на италијански начин;
Antipasti – италијанско предјадење кое се состои од мешано месо, салати, топол оброк и маринирани состојки;
Bresaola – сушено солено месо;
Budino – пудинг;
Cannelloni – цилидрични тестенини кои можат да се полнат;
Funghi – печурки;
Carpaccio – оброк кој најчесто се состои од тенко сечено филе;
Zabaglione – десерт од жолчки, бело вино и шеќер, кои се мешаат заедно и смесата се остава да зоврие во сад сместен во друг поголем сад со вода;
Vongole – школки;
Prosciutto – сушена шунка, се сервира тенко насечена;
Panettone – сладок леб од ванила и сушено овошје;
Tiramisu – десерт со неколку слоеви од бисквити потопени во еспресо и маскарпоне сирење;
Caponata – сицилијанско јадење направено од пиперки, домати, кромид, црни маслинки и риба.

Related Posts with Thumbnails