wordpress counter

Како да јадете здраво во Италија

Италија е позната како рајот на храната. Но, тоа не значи дека секаде ќе добиете и вкусна и здрава храна. Оваа статија ја посветуваме на неколку тајни кои треба да ги имате предвид кога ќе стапнете на тлото на Италија.

Тестенини и житарки
Оваа категорија е ‘рбетот на италијанската кујна. Ако целта ви е да јадете здраво, потребно е да ја избегнувате традиционалната бела паста. Можете да уживате во интегрална паста, фрегола или фаро. Ако сте љубители на рижото, внимавајте на додатоците кои се неизоставен дел од ова јадење.

Вино или друг пијалак
Ако пиете црвено вино, во една чаша има 150 калории, додека ако преферирате бело вино ќе внесете 30 калории помалку. После вечерата, Италијанците уживаат во лимончело. Тоа е дигестив кој се прави од лимон, сируп (шеќер и вода) и вотка.

Десерт
За десерт, Италијанците јадат сладолед, бискоти или колачи. Вкусот е неверојатен, но и бројот на калории и масти. Можете да уживате во тирамису, панакота или овошна торта, но само ако не чувствувате потоа вина за изборот. Како и да е, непцата ќе ви бидат благодарни.

Кафе
Италијанското еспресо не содржи воопшто калории. Ако се решите за макијато или капучино, тогаш најдобро е да го пиете со млеко со ниска масленост.

Сосови
Автентичните италијански ресторани не ги преполнуваат порциите со сосови. Вистинскиот италијански начин на јадење подразбира свежа храна, малку лесен сос и мали порции. Крем сосовите се полни со масти и холестерол. Црвените сосови се подобра опција (на пример, сосот од домати).

Ладни слатки
Секако, ако веќе сте во Италија, не е можно да не вкусите сладолед. Нивниот сладолед со приготвува од млеко, наместо крем или путер. Затоа и содржи помалку маснотии. Секако, не заборавајте на сорбето. Тоа е вкусна приказна од овошје, вода и шеќер. Нема масти и содржи само 100 калории по порција.

Related Posts with Thumbnails