wordpress counter

Кои жени се на врвот на светската гастрономија? (1 дел)

Во светски размери, мажите и натаму владеат со светските кујни. Но, таа тенденција почнува да се менува и да зазема сосема поинаков правец. Во едно истражување на американскиот пазар, само 17% од главните професионални готвачи се жени и само 25% од сопственицте на угостителки објекти се жени.

Денешната статија и следните неколку продолженија ги посветуваме токму на нив – жените како главни готвачи.

Роберта Адамо
„Penne Restaurant & Wine Bar“

На почетокот, Роберта била сопственик на семеен ресторан, потоа паста мајстор во хотелот „Риц Карлтон“, за на крај да реши да ја напушти њујоршката сцена и да замине во Филаделфија.

• најголемо достигнување: готвење на настанот „James Beard Awards“ во Њујорк и член на „Les Dames d’Escoffier“ од 2003 година.
• омилен кујнски прибор: машина за правење паста.
• нејзина цел: да напише книга за домашно приготвување на паста и да отвори работилница за паста.
• омилено јадење: Капелини со сос од домати и босилек.
• најскапо јадење: Роберта платила 300 долари за една посебна вечера.
• лична изјава: „Жените се одлични готвачи затоа што можат да прават повеќе работи одеднаш, за разлика од мажите.“

Related Posts with Thumbnails