wordpress counter

Кратка приказна за кулинарските тајни

Едно од леген­дар­ните кули­нар­ски места во Луи­свил, Кен­таки е клу­бот Пен­де­нис. Фамата за ова место се про­шири со помош на еден посе­бен сос – Original Henry Bain’s Sauce. Тај­ниот рецепт за овој сос е созда­ден некаде во 19-от век од страна на шефот Хенри Бејн. Отто­гаш, реце­птот, со гене­ра­ции се пре­не­сува од готвач на готвач. Барем досега, тај­ната фор­мула никој не успеал да ја украде.

Илјад­ници фанови на овој јак и пикан­тен сос без­у­спе­шно се оби­ду­ваа да го напра­ват во дома­шни услови. Дури, некое време се веру­вало дека тај­ната лежи во посе­бен вид на ски­се­лен црн орев. Посто­јат и компа­нии кои се оби­ду­вале и се оби­ду­ваат да го купат тај­ниот рецепт.

Дене­шниот сопстве­ник на Пен­де­нис, сепак, реши да ја спо­дели тај­ната со оста­то­кот од све­тот. Сосот го под­го­тву­ваат и паку­ваат сами и може да се купи во про­дав­ни­ците. Секако, без реце­птот за негова под­го­товка. Пре­ста­вува одлична замена за сосот за скара (оми­лен кај аме­ри­кан­ците), како и на кеча­пот кога ста­нува збор за испр­жено парче месо.

Ова е прв текст од сери­ја­лот за кули­нар­ските тајни низ све­тот. Веру­ваме дека ќе биде инте­ре­сно да се запо­зна­еме со вистин­ските мај­стори на готве­њето за кои досега не слу­шнал никој.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Гастрополис