wordpress counter

„Ла Томатина“ – најпознатиот фестивал на домати

„Ла Томатина“ е најпознатиот фестивал на домати, кој се одржува во градот Буњол во провинцијата Валенсија, Шпанија. Се одржува секоја година и тоа во последната среда во месецот август. Тој е дел од поголема церемонија која се одржува во Буњол.

Главна задача на секој учесник на „Ла Томатина“ е да погоди што е можно повеќе други противници со домати. Целата манифестација започнува уште наутро, кога прва задача е пријавените учесници да се искачат на измастен стап на чиј врв се наоѓа парче шунка. Притоа, учесниците танцуваат и пеат, додека од околните куќи ги полеваат со големи количества вода.

Моментот кога еден од учесниците ќе успее да ја „освои“ шунката на врвот на стапот, тоа е сигнал дека борбата со домати може да започне. Тогаш започнува комплетен хаос. Доматите се носат од Екстрамадура, каде се поефтини и се одгледуваат токму за потребите на фестивалот и поради тоа се со лош квалитет.

Иако на прв поглед сликата изгледа хаотично, сепак постојат и определени правила. Учесниците би требало да носат заштитни очила и ракавици, а доматите претходно треба да се смачакни, за да се намали опасноста од повреди.

По еден час, битката завршува. Сите се мијат и ги отстрануваат последиците од битката. Дружењето продолжува, најверојатно поради тоа што во оваа борба нема победници и победени.

Интересни факти

• слични фестивали се одржуваат и во Колумбија, Костарика, Чиле и САД;
• компанијата за видео игри „Namco“, во 6-тиот дел на играта „Tekken“, вклучи и дел од оваа битка;
• за првпат овој фестивал се одржал спонтано во 1944 година. Полицијата тогаш им на наложила на младите да ја платат штетата што ја направиле, со оглед дека „позајмувале“ домати од околните продавници.

Related Posts with Thumbnails