wordpress counter

Мирисите и вкусовите на Бразил

Бразилската кујна е една од најинтересните, но во исто време и една од најдалечните и најнепознатите за нас. Оваа статија е посветена токму на некои од нивните вкусни специјалитети.

Feijoada
Црн грав со сушено свинско месо. Некогаш се сметало за јадење на робовите, а денес е национално јадење и дури се сервира и во најексклузивните хотели и ресторани. Со послужува со ориз, варен во кокосово млеко и маниока.

Moqueca
Риба која се маринира во смеса од кромид, домати, чили пиперчиња, лук, коријандер и лимета. Потоа, рибата долго се вари со кокосово млеко и масло од палма.

Bobo de camarao
Вкусно јадење кое се прави од свежи ракчиња со пире од маниока, кокосово млеко и палмино масло. Популарно е во цела држава.

Acarajè
Ова јадење се приготвува и продава на улица. Станува збор за ролат од мелен грав, сушени ракчиња и кромид пржен на палмино масло. Се преполовува и се полни со смеса од сушени ракчиња, бразилски ореви, кикиритки, кромид и зачини.

Cocade
Зашеќерен мелен кокос, зачинет со ѓумбир и лимета и потоа печен на скара.

Related Posts with Thumbnails