wordpress counter

Мирисот на минатото

Ninth street во Њујорк ста­нува темат­ски парк на мина­тото. Се отва­раат или се обно­ву­ваат неко­гаш посто­ечки ресто­рани и на тој начин се враќа мири­сот на некои минати, поу­бави вре­миња. Можеби некој ќе не обвини за носта­лгија, но ресто­ра­ните во мина­тото имаа повеќе дух и атмо­сфера отко­лку сега.

Еден од тие ресто­рани е „Lion“. За него е врзана една инте­ре­сна при­ка­зна од 60-тите години. Имено, во овој ресто­ран (кој во тоа време бил геј клуб) секоја недела се одр­жу­вале нат­пре­вари за луѓе кои имаат нека­ков талент. Една вечер, како уче­сник се поја­вила и Бар­бара Стреј­сенд, која побе­дила и ја добила глав­ната награда – бес­платна вечера. Така и започ­нала неј­зи­ната кариера.

Целата атмо­сфера, изглед, мебел, музика и сѐ оста­нато буква­лно е пре­сли­кано од вре­мето на 60-тите години. И токму тоа е новиот тренд во ресто­ран­скиот бизнис во Њујорк. Истата насока ја сле­дат и други реин­ка­ри­рани ресто­рани, кои црпат инспи­ра­ција од тавер­ната Минета или моте­лот Вејверли.

Сопстве­ни­ците на овие објекти велат дека сакаат да бидат про­тив­тежа на космо­по­ли­тен култу­рата која ја про­мо­вира попу­лар­ната серија и филм „Сек­сот и гра­дот“. Спо­ред нив, ова е един­ствен начин да се врати боем­скиот Њујорк и да се спре­чат така­на­ре­че­ните диско­теки со храна – огромни ресто­рани кои соби­раат многу народ и кај кои не постои ника­кво дожи­ву­вање при кон­су­ми­ра­њето на хра­ната.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Гастрополис