wordpress counter

Модерна турска кујна

Со напливот на турски тв серии порасна и интересот за турската кујна. Станува збор за голема и разновидна кулинарска традиција која е добро очувана и во денешно време модернизирана. Фактот што и нашата кујна трпи ориентално влијание, ги прави турските јадења привлечни и блиски до нашиот вкус.

За почеток, нивните предјадења кои се познати како мезе. Најважниот плод кај мезињата е модриот патлиџан. Има илјадници рецепти за предјадења на база на овој плод. На пример, се печат модри патлиџани во рерна. Потоа, се лупат, се сечат на коцки и се мешаат со цврст јогурт, маслиново масло, лук, бибер, копар и сок од лимон.

Солените сосови се неодминлив дел од оваа кујна. Еден од нив е мухамара, магичен сос од ореви и зачини. Се толчат ореви во аван и потоа им се додава ким, лук, концетрат од домати, парченца сув леб, маслиново масло и сок од калинки. Одлично оди со месо, зеленчук, па дури и риба.

Интересно е дека Турците често го користат сокот од калинки во готвењето. На обичната пилешка супа и додаваат сок од калинки и декорираат со неколку плода калинка, листови мента и малку бибер. На тој начин добивате неверојатно вкусна супа.

Турција е рај и за вегетаријанците и штедливите готвачи. Доказ за тоа е „Пататес бастизи“. Тоа се запечени млади компири со додаток од домати, лук, кромид и црни маслинки. Преливот за компирите се добива кога ќе се измешаат маслиново масло и фета или некое друго меко сирење. При готвењето на овој специјалитет, ким и оригано се зачини кои не смее да се заборават.

За печење вообичаено се користат земјени садови. Приготвувањето на специјалитети од јагнешко месо во Турција е доведено до совршенство. Особено е важна маринадата за месото. Се состои од ситно сечкан и посолен кромид, зачинет со лук и мелен ким. Парчињата месо лежат во оваа маринада неколку часови и потоа се редат како раженчиња и се печат на скара.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Што да направите со вишокот на вино?

Прво и основно место во кое виното треба да заврши е винската чаша. Но, понекогаш се случува да отвориме шише...

Close