wordpress counter

Најмалите ресторани на светот

Секој поголем град во светот има големи и луксузни ресторани во кои можете да пробате буквално сè. И тоа не е никаква новост. Меѓутоа, овој текст е посветен токму на спротивното – на најмалите ресторани на светот.

Sel et Gras“, Њујорк
Името на француски јазик значи „Сол и маст“ и овој ресторан има навистина наполеонов комплекс. Има 14 маси сместени во цели 20 м2. Со тоа се смета дека е најмал ресторан во Њујорк кој нуди целосна услуга. На менито се мали порции како тапенада, крокети, тарт.

Talula’s Table“, Филаделфија
Овој ресторан има само една маса на која може да седнат 12 луѓе. За да добиете место, потребно е да резервирате околу една година претходно и со вас мора да поканите 11 луѓе. Цената на менито е 105 долари за 8 јадења.

Solo Per Due“, Ваконе, Италија
Станува збор за приватна трпезарија на еден голем италијански имот. На вечера може да дојдат само две лица. Во цената (15.000 денари по лице) освен јадење и пијалаци добивате огномет, лимузина за превоз и престој во апартман.

Fan’er“, Пекинг
Овој ресторан во земјата со најмногу население на светот има само 7 м2. Има само една просторија со една маса и еден стол. Можете да нарачате бургер, милкшејк, кафе.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Видео: Голо глазирање на…?

Постапката на глазирање би одела некако вака: 1. Наполнете ја вашата спатула со убава количина чоколадо 2. Притиснете силно со...

Close