wordpress counter

Најскапите ресторани во САД

Оваа статија е посветена на најскапите ресторани кои работат во САД. На првото место се наоѓа French Laundry“, кој е сместен во долината на виното „Напа“ во Калифорнија. Сопственик е Томас Келер. Просечната сума на една сметка во овој ресторан е 957 долари (околу 45.000 денари).

Интересно е дека Келер го поседува и ресторанот Per Se“ во Њујорк, каде просечната сметка изнесува 883 долари (околу 41.000 денари). И двата ресторани поседуваат по три Мишелинови ѕвездички.

Помеѓу најскапите ресторани во САД е и Michael Mina“ во Сан Франциско со просечна сметка од 40.000 денари, а потоа следат два ресторани со локација во Чикаго – „Alinea“ со сметка од 35.000 денари и Charlie Trotter’s“ со 31.000 денари просечна сметка на гостин.

Ако се направи истражување, тогаш ќе се заклучи дека најскапите ресторани во САД во својата понуда ја имаат или француската кујна или модерната американска кујна. Покрај тоа, во најголем дел, тие се сместени во големи градови како Њујорк, Чикаго и Сан Франциско. 

Related Posts with Thumbnails