wordpress counter

Норвешка — земја на необична храна (1 дел)

Сместена на крајниот север на Европа, оваа земја отсекогаш била помалку мистична за нас. Далечна и по начинот на живеење и по километрите кои нѐ одвојуваат. Но, она што нас, гурманите, најмногу нѐ интересира е нејзината кујна и храна.

Повеќето норвешки специјалитети се настанати од потребата да се продолжи рокот на траење на продуктите, без фрижидер. Основни продукти во нивната исхрана се: житарки, риба, месо и млечни производи.

Нема збор дека рибата е нивниот најнационален продукт. Без оглед дали е сирова, сушена, солена, преработена. На нивните трпези преовладуваат харинга, чаден лосос, солен и сушен лосос, сардела, бакалар и лист. Покрај сушење и чадење, рибите се обработуваат и со додавање на шеќер, оцет и други состојки.

Норвешка е еден од најголемите консументи на млеко и млечни производи. Гамалост, односно нивното „луто“ кравјо сирење е вистински специјалитет. Има жолта боја и зрела арома. „Јарлсберг“ е познато полутврдо сирење со дупчиња. Се гордеат и со слаткото козјо сирење, кое се нарекува Бруност, како и Геитост – козјо сирење со сладок, карамел вкус.

Иако по консумацијата на месо заостануваат во поглед на другите развиени земји, сепак кај нив може да се јаде егзотично месо како она од соб, лос, елен и еребица. Најчесто месото го јадат со сос од павлака. Во месни специјалитети спаѓаат и најразлични видови колбаси, суво месо, сланина или суво овчо месо.

Related Posts with Thumbnails