wordpress counter

Норвешка — земја на необична храна (2 дел)

Во првиот дел од статијата се запознавме со некои од норвешките специјалитети и посебноста на нивните продукти. Во вториот дел ќе ја заокружиме сликата за Норвешка како земја на посебна, скандинавска кујна.

Според зборовите на норвежаните, јагнешкото месо кај нив е едно од највкусните меса на светот. Еден од специјалитетите кои се подготвуваат со ова месо е „Фарикал“. Станува збор за варено јагнешко месо со зелка и бибер. Друга работа во која подеднакво уживаат се сувите овчи ребра, кои се нарекуваат „Пинекјот“.

Кога станува збор за овошјето, треба да ја имаме предвид нивната клима. Консумираат јагоди, капини, боровинки, јаболка, сливи и круши. Од зеленчукот најзастапени се кинеската зелка, морковите, кромидот и празот.

Норвешките десерти не заостануваат зад другите нивни специјалитети. Својата потреба за слатко ја гасат со вафли, крофни и сладолед. Најстариот нивни десерт е „Гоме“ или десерт од млеко, јајца и кафен шеќер. Нивната торта „Блоткаке“ со шумски плодови е еден од највксуните десерти на северот на Европа. Прават и еден вид на палачинки кои се познати како „Лефсе“. Се подготуваат од компири и по пржењето се посипуваат со цимет.

Кога станува збор за пијалаци, вино не произведуваат и затоа пијат увозни. Кафето речиси целосно го истисна од употреба нивниот посебен утрински пијалак, кој се подготвува од сурутка. „Акевит“ е жесток алкохолен пијалак кој се прави од житарки или компир. Му се додаваат и зачини како анис и коријандер.

Related Posts with Thumbnails