wordpress counter

Од мали нозе готвачи

Желбите и афинитети на децата потребно е да се препознаат од мали нозе. Но, не треба да се застане тука. На децата им е потребна помош и самодоверба, која ќе ја изградат ако им помогнат родителите. Тоа е случај и со желбата за готвење.

Во Британија има една цела плејада тинејџери кои полека, но сигурно, влегуваат во водите на гастрономијата. Можеби нивните рецепти се само импровизација или чисто копирање на познатите готвачи и нивните книги, но, сепак, веруваме дека нема да останете рамнодушни кога овие млади деца ќе ви приготват јадења од рајот.

Чист пример е 13-годишниот Флин Мекгери. Неговите родители една од собите во куќата ја претвориле во професионална кујна, каде Флин ги учи своите први чекори во овој свет. Веројатно ќе останете без зборови кога ова младо дете ќе ви приготви ребра со пире од кафе и целер, млади кромидчиња со лубеница, десерт од чоколадо и сладок грашок, маслиново масло и јагоди.

Интересна е приказната и на Грег Гросман. Овој средношколец започнал со организирање на кетеринг уште на 11 години. Неговата храна звучи неверојатно. Една негова вкусна вечера би опфатила панакота од кокос, со кумамото школки обвиткани во нори алги и планинска сол. И сето тоа послужено со газирано саќе.

Младиот њујорчанец Дејвид Пајнс (12) веќе има објавено книга готвач, додека Дејвид Фишерман, кој е негов врсник, веќе пишува критики за познати ресторани.

Сигурни сме дека и кај нас има вакви деца со љубов кон храната. Затоа, еве еден повик до сите родители – набљудувајте ги вашите деца. Откријте ја нивната љубов кон храната и помогнете им да се реализираат. Не дозволувајте таа љубов и талент да пропаднат само поради фактот што сме замислиле дека нашето дете треба да биде директор на банка или адвокат!

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Гастрономски закон наречен палачинка

Палачинката во нашите краишта е децениски десерт кој ги освојува нашите трпези. Во поново време, полека почнуваме да експериментираме и...

Close