wordpress counter

Од вечера во „Боинг“ до келнер мајмун

Канадскиот готвач и ТВ ѕвезда, Боб Бламер, одлучил да посети некои навистина чудни ресторани и да ги претстави пред јавноста во ТВ серијата „Најчудните ресторани на светот“. Во продолжение следува неговиот список.

Небеска вечера во реплика на „Боинг“, која се сервира во градот Тајпеј.

Во ресторанот „Багерс“ во Нирнберг вечерата доаѓа до гостите проследена со ласери и светлосни ефекти.

Ресторанот „Алкатраз“ во Токио е комбинација од затвор и болница. Нуди вечера во друштво на готвач, луд научник и доктор кој ќе ве натера да изедете сè што ви е сервирано.

„Deco Dog’s Cafe“ во Токио, на гостите, им овозможува да ги донесат и своите кучиња на вечера која се служи на маса поеднакво и за едните и за другите.

„Cos-Cha Maid Cafe“ во Токио (Јапонците се прилично откачен народ) нуди услуга во која помошнички ги подигнуваат чашите и приборот наместо вас. Поточно, ве хранат.

Ресторанот „XXXL“ во Германија служи огромни порции. На пример, обичниот хамбургер е со големина на пица.

Вечерата во ресторанот „Kagaya“ во Токио ја служат келнери облечени како жаби, а менито се претставува преку „Мапет шоу“.

Ресторанот „Нокаут“ во Токио служи вечера во прв ред на боксерски натпревар.

Во кинескиот ресторан „Doctor Style“, за време на оброкот, кинески медицински сестри ќе ви ги проверуваат крвниот притисок, пулсот и дишењето.

Во јапонскиот ресторан „Curry“, вечерата ја подготвува готвач облечен како кондуктер, а се сервира со мини воз.

Во чешкиот ресторан и пивница „Chodovar Brewery“ гостите може да уживаат во капење со пиво.

Тајванскиот ресторан „Modern Toilet“ ја сервира храната во верзии на тоалетни школки, а десертот во држач за сапун.

Во „Pravek“ во Чешка можете да се вратите кон корените, со оглед дека вечерата ја служат праисториски луѓе.

Во таверната „Kayabuki“ во Јапонија како келнери работат мајмуни.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Тест: Каква храна, таков изглед

Овој тест ќе открие дали јадете под стрес, дали сте емотивец или осаменик кога станува збор за храната. Одговорете на...

Close