wordpress counter

Овошје кое го нема кај нас (1 дел)

Природата ни нуди бескраен и немерлив извор на вкусови, мириси и прекрасни ароми. Кивано, питаја, черимоја, се само некои од овошјата за кои или не сме слушнале или не сме ги вкусиле. Оваа статија е еден обид да ги наведеме овошјата во кои уживаат во другите делови на планетата Земја.

Кумкват

Потеклото на кумкват е од јужна Кина. На почетокот го нарекувале мал портокал. Дел е од фамилијата на цитруси и има големина на помало јајце. Вкусот му е ароматичен и слатко-кисел.

Пепино

Неговата татковина е Перу во јужна Америка. Денес се одгледува и на Нов Зеланд, Калифорнија и други подрачја со умерена клима. Припаѓа на родот папаја и има вкус кој е комбинација од краставица и диња. Има овален облик и жолта боја со виолетови шари. Плодовите се со големина на слива и може да се јадат цели со се семките. Најпознат рецепт е Пепи: пепино се пржи на маргарин и добро се зачинува.

Куруба

Има нежно кисел вкус, сличен на портокал и јаболко. Лушпата му е мазна и жолта. Се консумира целиот плод и семките. По потекло е од јужна Америка. Овој плод е богат со калциум, железо, ниацин, натриум, витамин А и Ц. Курубата се јаде свежа, но и варена или како сок.

Related Posts with Thumbnails