wordpress counter

Овошје кое го нема кај нас (2 дел)

Во првиот дел уживавме во кукват, пепино и куруба. Вториот дел им го посветуваме на тамариљо, наши и личи.

Тамариљо


Тамариљо е мало дрво, односно грмушка, која дава плодови во форма на јајце. Води потекло од Перу, Чиле, Еквадор и Боливија. Површинската боја на плодот може да биде темно виолетова, темно црвена, портокалова или жолта. Бојата на внатрешниот дел варира од портокалово-црвена, па сѐ до крем-жолта. Лушпата на плодот е цврста и има непријатен вкус. Месото на плодот е сочно и слатко-кисело. Тамариљо е богат со калциум, каротен, ниацин, фосфор, железо и протеини. Се користи за салати, варива, мармалади, желе, сокови или се јаде сиров.

Наши


Настанал во Азија, со вкрстување на јаболко и круша. Има облик на јаболко, а вкус на круша. Може да се јаде свежо и како составен дел на компоти и овошни салати, или да се консумира како сушено овошје.

Личи


Уште се нарекува азиска цреша. Личи е омилено овошје во Кина, каде се одгледува повеќе од 4.000 години. Првата книга воопшто напишана за овошје е посветена токму на личи. Кората на овој плод е црвено-костенлива. Кога се подготвува, мора да се направи мал засек и потоа лесно се отстранува кората. Ако го преполовите на половина, семката сама ќе излезе. Личи е мошне богато со железо и витамин Ц.

Куриозитет: ако во Тајланд некој ви подари личи, значи дека многу ве сака и е подготвен да ви понуди брак.

Related Posts with Thumbnails