wordpress counter

Патувања на кои ќе качите некој килограм

Патувањата за време на летниот период најчесто се поврзуваат со одмор и уживање. Во тоа спаѓа и дегустирањето на локалните специјалитети. Според едно истражување, постојат земји каде може навистина убаво да јадете и притоа да ги зголемите килограмите.

Имено, според податоците, најмногу ќе се здебелите ако заминете на одмор во Кипар – 1.5 килограм. Во Турција ќе покачите 1.38 килограм, додека во Португалија – 1.3 килограми. Првата петорка земји ја заокружуваат САД со 1.08 кг и Грција, од каде ќе се вратите со 0.92 килограми повеќе.

Ако внимавате на линијата, тогаш ќе ви дојде убаво одморот во Германија, Ирска или Канада. Тоа се три земји во кои дури може и да ослабете. Затоа, ако сè уште не сте заминале на одмор, земете ги и овие податоци предвид.

Related Posts with Thumbnails