wordpress counter

Патување низ светот: Сирење (2 дел)

Во првиот дел се запознаваме со Ементалер, Гауда и Едамер. Го продолжуваме нашето патување и запознавање со најдобрите сирења во светот.

Чедар
Тоа е најпознатото сирење кое ни доаѓа од Британија. Ова сирење има затворена и мазна текстура, без дупчиња, со интензивна жолта боја, карактеристичен мирис и прекрасен солено-пикантен вкус. Се произведува од полномасно кравјо млеко и се користи при подготовка на сендвичи и бројни сосови. Со оглед дека неговото име не било заштитено, производството се проширило низ целиот свет.

Камембер
Меко и масно кравјо сирење со потекло од Франција. Според легендата, ова сирење за прв пат го направила Мари Арел пред повеќе од 200 години во малото село Камембер во Нормандија. Рецептот го добила од еден католички свештеник во знак на благодарност, затоа што му дала засолниште за време на Француската револуција. Може да се препознае по карактеристичните кружни дрвени кутиички во кои се пакува, за да се задржи неговата свежина. Одлично се комбинира со овошје, јаткасти плодови, шампињони, месо и вино.

Бри
Бри е меко кравјо сирење со бела обвивка и жолто-бела мека средина. За него се смета дека е претходник на Камембер, а за татко на сите бели сирења се смета Бри де Мо, кое се произведува во околината на Париз повеќе од 12 векови. Се консумира само сирењето, или во комбинација со вино со овошни тонови. Ако веќе сакате мезе, нека бидат ореви, лешници или диња.

Related Posts with Thumbnails